Радио Милева бум на естрадата-проблеми во бракот

Гога Секулиќ издаде нова песна, а споругот збудале заради насловот: Пејачката во брачен хаос! (ВИДЕО)

Гога Секулиќ издаде нова песна, а споругот збудале заради насловот: Пејачката во брачен хаос! (ВИДЕО)

Гога Секулиќ ја објави најновата песна „Девојка на лош глас“, која предизвика вистински бум на естрадата, но и направи големи проблеми во бракот на српската фолк ѕвезда. Нејзиниот сопруг сосема одлепил и збудалел кога видел дека песната го носи тој наслов, затоа што договорот бил поинаков!

„Гога е вон себе, таа дури и ја повика нејзината главна продуцентка Билјана Савиќ да ја повлече песната затоа што не сака проблеми во бракот! Урош најпрво ја блокираше на Инстаграм, а потоа целосно го затвори својот профил! Тој е успешен спортист, момче на кое естрадата му е целосно непозната! Гога и тој искомуницирале по телефон, бидејќи во моментов живеат на две адреси, но разговорот завршил со жолчна расправија“ – тврди добро упатен извор, близок до пејачката.


Гога засега не одговора на новинарските повици, а песната и видеото за контроверзната песна што предизвика хаос во бракот на пејачката можете да ги проследите подолу.

To top