Радио Милева

Годините за неа се само број: Светлана Црнокрак ја откри тајната на својата убавина

Годините за неа се само број: Светлана Црнокрак ја откри тајната на својата убавина

Таа важи за жена со неприкосновена убавина, а годините кои минуваат за неа се само број.

Некогашната манекенка и сегашна сопственичка на модното студио „Црнокрак“ и ТВ презентерка, Светлана Црнокрак, покажа дека убавината мора да се негува. Мајката природа ја дарила да има се што може да посака една жена, а таа самоуверено и гордо да се носи со сите епитети.

Денеска е исполнета и реализирана жена како мајка и сопруга, а манекенството остана да го пренесува на помладите, но сепак одлучи да се појавува пред камерите како презентер на вести, улога со која исто така одлично се носи.

Цеце е активен корисник на социјалните мрежи, можеби не колку сопругот Мики, но одвреме-навреме знае да открие нешто ново од своето секојдневие и со јавноста. Деновиве на својот профил на социјалните мрежи покажа како ја негува својата убавина, и дека она дареното од Бога го негува во голема мера.

Користи разни третмани за разубавување, од лесни лифтинзи, до топење на наслаги, затегнување на кожата, а третманите исклучиво ги изведува кај професионалци.

Времето го менува секого, како физички така и ментално, но кога е надворешното во прашање, промените и не се некој сојузник на убавата Светлана Црнокрак.

фото:фејсбук

To top