Радио Милева

„Годините се само број“: Екс-учесникот во „Задруга 3“ проговори за односот со актерката Лидија Вукиќевиќ

„Годините се само број“: Екс-учесникот во „Задруга 3“ проговори за односот со актерката Лидија Вукиќевиќ

Откако Лидија Вукиќевиќ (57) даде искрена изјава за нејзината врска со Владимир Томовиќ за српски Телеграф, признавајќи дека меѓу нив се случила платонска љубов, се огласи и тој.

Како што кажува, Лидија е негово злато и не може да дочека да ги сретне нејзините синови.

– Што да кажам, освен што е чест за таква дама, жена, мајка и актерка да кажувам убави зборови. Лидија е прекрасно суштество, кое во ерата на општо лудило, останува на земја. И покрај тоа што нејзините актерски и човечки референци даваат право да биде одлична, таа е смирена и ова е уште една од нејзините доблести – кажува Владимир.

– Да, и викам „злато“, затоа што таа навистина е, – додава Томовиќ, кој ги потврди зборовите на Лидија дека меѓу нив се случила платонска љубов.

фото:лидија вукиќевиќ/инстаграм

– Платонска љубов? Да. Големата љубов се претвори во пријателство. Животот е чудо, не мора да ме прашувате за годините, затоа што тие се само број. Таа тоа го носи со леснотија, и покрај злонамерните, таа е вечно млада и синоним за убавина и одржаност – вели Црногорецот за Телеграф JETSET.

Тој, како и Лидија, сака нивните семејства да се запознаат.

– Иако не го познавам семејството лично, знам од нејзината приказна. Ова се вистинските момци, луѓе, што таа ги изведе на вистинскиот пат. Се разбира дека ќе се сретнеме кога ќе ни дозволат можностите, како што тоа го прави и со моето семејство кое ја обожава, и за неа сите имаат само пофални зборови.

-Тоа е мојата љубов, заклучи Томовиќ.

To top