Цеца на снимањето на „Ѕвезде Гранда“ се појави во досега невидено издание. Пејачката носеше сиво сако и кратки шорцеви во иста боја кои дополнително ги истакнаа нејзините тенки нозе.
Цеца Ражнатовиќ важи за некоја која многу се грижи за својот физички изглед, па троши големи суми на скапи парчиња облека.
Фолк дивата сега се појави во предизвикувачка модна комбинација за снимањето на шоуто „Ѕвезде Гранда“.
Сето тоа го искомбинирала со високи потпетици и чанта во иста нијанса која чини околу 1.500 евра.
На нејзиниот врат блескаше ѓердан од популарна марка, која чини околу 3.000 евра.
Цеца гордо позираше пред новинарите, а потоа влезе во студио да се подготви за снимањето.
Да потсетиме, пејачката неодамна пред медиумите објави дека по третпат ќе стане баба бидејќи нејзината наследничка Анастасија е во друга состојба.
– Добив уште еден внук, Крстан, а сега ја чекаме принцезата на Анастасија и Немања. Жељко си ја повлече ногата и нема ништо поубаво од тоа да имаш деца – изјави Цеца.
фото:ATA Images/Informer.rs