Радио Милева раскомотена на врвот

Годинава крстот за Водици не се фаќаше, ама Ирена се соблече покрај крстот: Бог се јави, ама и фолкерката се јави… и тоа разголена од Водно (ФОТО)

Годинава крстот за Водици не се фаќаше, ама Ирена се соблече покрај крстот: Бог се јави, ама и фолкерката се јави… и тоа разголена од Водно (ФОТО)

Водици, Војордање или Богојавление, еден од најголемите христијански празници, православните христијани годинава го празнуваа малку поинаку. Без вековната традиција да се скока по крстот во претходно осветените води, а најсреќниот кој ќе го фати, да го следат здравје, среќа, радости, успеси… цела година. Него и неговото семејство.

И додека верниците само ги посетија црковните храмови, палејќи свеќи за здравје, слушајќи ги молитвите и црпејќи од осветената вода, некој сепак реши да го фати крстот. Или да биде барем најблизу што може до него, и тоа до оној најголемиот, милениумскиот на врвот на Водно.

Македонската фолкерка Ирена Вељовска беше една од ретките на која ниските минусни температури не и пречеа токму за Богојавление да се искачи на врвот на Водно. Малку за рекреација, малку за чалам, зашто иако годинава крстот за Водици не се фаќаше, Ирена реши да го фати, или барем да допре до него… Токму до оној најголемиот.

И додека православните верници за Водици се поздравуваа со празничниот поздрав: „Бог се јави, навистина се јави“, се јави и фолкерката… И тоа разголена, од врвот на Водно!

По теркот на Кардашијан, бугарските пејачки или колешките од Србија меѓу кои предничи Јелена Карлеуша на пример и Ирена Вељовска се разголе на студот. До душа не до толку, за да остане како нив само по танга гаќички на снегот, зашто ниту на празникот тоа не би му прилегало, ама доволно за на минусните темпартури да се смрзне како… знаете веќе што!

Или на Ирена можеби не и беше студено зашто, ем загреана од пешачењето, ем од вербата во Бога, а Бога ми и од желбата да покаже какви секси атрибути има, беше доволно жешка.

Секако, освен што не пропушти да се разголи, не заборави и  христијански да поздрави: „Бог се јави…“, па на сите да им посака убав ден!

Колку студен, знае само пејачката, на која белким не и смрзна… Гласот! На гласот мислевме!

Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska

To top