Радио Милева „Ви благодарам на сите за поддршката“

Гоце Бошковски се огласи откако испадна од „Ѕвездите на Гранд“: „За следната сезона ќе размислам добро дали вреди“

Гоце Бошковски се огласи откако испадна од „Ѕвездите на Гранд“: „За следната сезона ќе размислам добро дали вреди“

Гоце Бошковски од Прилеп настапуваше во последната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тој се претстави со песните „Станица подлугови“ и „Гори гори срце моје“.

Гоце се бореше во дует со кандидатката Нела, а и двајцата кандидати добија по 4 гласа.

Бошковски замина во бараж, каде што се бореше со останатите учесници, но, сепак испадна од музичкото шоу.

фото: З.К. Муња/Д. Милошевиќ

По неговото испаѓање тој се огласи на социјалните мрежи заблагодарувајќи се на сите за поддршка, како и на неговата менторка Вики Миљковиќ која изминатите месеци работеше со македонскиот кандидат.

-Мојот последен настап за оваа сезона. Тоа е тоа нема назад. Драго ми е што со двајцата мои ментори во две сезони испеав песни што ретко се пеат а мислам дека некои и ниту еднаш не се испеани на ова такмичење и за тоа сум горд. Секоја песна што ја испеав ја донесов на свој начин а не да копирам некого и за тоа сум горд затоа што се бориме да бидеме свои и да оставиме наш белег а не да бидеме нечија копија

Ви Благодарам на сите за подршкат.

Исто така му се заблагодарувам и на моите соработници кои беа со мене овие три години на овој натпревар Јас овде не застанувам напротив моментално спремам нова песна со која ќе ве почестам за брзо

Да сте здрави и живи.( А за следна сезона ќе размислам добро дали вреди ).Уживајте“, напиша Гоце на Фејсбук.


Инаку, Гоце и претходната сезона учествуваше во музичкото шоу и беше под менторство на Ѓорѓе Давид.

Во оваа сезона засега остануваат уште неколку македонски кандидати, а меѓу нив се: Мими Јовановска, Марио Арангеловски, Марија Груевска, Елена Миленковска, Благица Ѕунѕуровска…дали тие ќе стигнат до финалето останува да видиме.

To top