Радио Милева

Гоца Тржан за да заработи во време на корона доби предлог да биде дадилка на синот на Миљана Кулиќ, вака реагираше на понудата

Гоца Тржан за да заработи во време на корона доби предлог да биде дадилка на синот на Миљана Кулиќ, вака реагираше на понудата

Поранешниот сопруг на Гоца Тржан, Иван Маринковиќ освен ќерката со Гоца,  го има и синот Жељко со учесничката во реалните шоуа, Миљана Килуќ.

Гоца Тржан се понуди да биде дадилка на малиот Жељко за да заработи некој денар за време на коронавирусот.

Идејата да биде бибиситерка на синот на Кулиќ настана откако пејачката се пожали дека има финасиски проблеми бидејќи не настапува поради короната.

„Гледам дека  народот е среќен што естрадата нема од што да живее. Ете, на некој барем да донесеме среќа со својата несреќа. Најлесно е да кажете – естрадата заработува по 1000 евра, па сега немаат скршен динар. Дај Боже сите да заработувавме по 1000 евра. Нема да не убие корона, ќе не убие злобата“, напиша пејачката на Твитер.

Нејзините следбеници веднаш започнаа да и предложуваат како да заработи пари.

„Можеби Миљана Кулиќ може да ти помогне, секако влегува во „Задруга 4“ за 200 000 евра“, гласеше еден од коментарите.

На ова Тржан одоговори:

„Ќе бидам одлична дадилка на нејзиниот син“.

фото: твитер

Инаку, неодамна Миљана истакна доколку нејзиниот син побара да ја запзонае сестра си, таа е подготвена да се понижи пред Гоца.

To top