Пејачката Гоца Тржан запрепасти со признанието кога откри дека нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ флертува со мажи пред нејзините очи.
– И двајцата сакаме да флертуваме, но тој тоа го прави и со мажи! Флертува со келнер, снимател, со кого и да стигне! Тоа е вистински флерт – изјави пејачката за „Иџ“ и додаде дека не го обвинува него.
View this post on Instagram
Раша се изнервирал што Гоца ја открила неговата тајна и веднаш скокнал да се одбрани.
– Ти кокетираш со келнерите! Јас не го правам тоа со мажи, само со келнерки. Гоца е таа на која постојано и приоѓаат мажи, кои и праќаат пораки и интимни слики. Не ми праќаат мене такви слики – луто рече тапанарот.
– Точно е дека добивам такви фотографии од мажи, особено на социјалните мрежи. Јас само му ги испраќам на Рашо моите интимни фотографии.