Гоца Тржан беше гостинка во емисијата „Гламур“ каде што проговори за своите почетоцои, за својата кариера, за пишувањата во медиумите, но и за Тоше Проески.
Имено, таа истакна дека била прва од српската естрада која имала чест да сними дует со Тоше односно песната „1200 миља“
Гоца откри како го запознала Тоше и како изгледала нивната прва средба.
„Јас него го видов на тонската проба на „Суначне скале“. Ние од плажа, мокри и во костими за капење дојдовме на тонска проба. Ние нешто зборувавме, беше врева и излегува некој да пее. Почнува да пее и јас стојам и велам: Господе, што е ова? Тој ја пееше песната „Тајно моја“: Јас го погледнав, тој беше толку харизматичен, пееше неверојатно. Тогаш јас му реков да се јави да отпееме некоја песна заедно“ вели Тржан.
Гоца и Тоше го имаат снимено дуетот „Девет миља“, а таа вели дека на некој настап ја пее нивната заедничка песна.
„Никогаш не пропуштам на својот настап да ја пеам. Многу сакам кога ја пеам таа песна на отворено, тогаш чувствувам дека е тука и лебди кај рефлекторите, дека слуша и му е драго што не е заборавен“ вели Тржан.
Гоца откри каков совет добила од Проески.
„Многу работи научив од него. Тој одеше на соло пеење, завршуваше музичка академија. Не знам дали сте забележале, но Тоше кога ги пееше и најтажните песни секогаш имаше насмевка на лице. Тогаш ми објасни дека таа гримаса на лицето ти помага добро да ги пееш тоновите кои тешко одат, посебно кога ми е ниска интонацијата. Тој ми рече: „Смеј се, смеј се кога пееш и се ќе излезе“. И нависитна така беше.“ раскажува Тржан во „Гламур“.
https://www.youtube.com/watch?v=sDHTwe-PvuM