Радио Милева
крвни врски

Гоца Тржан порача: Синот на Миљана нема да и биде полубрат на мојата Лена иако имаат ист татко!

Гоца Тржан порача: Синот на Миљана нема да и биде полубрат на мојата Лена иако имаат ист татко!

Пејачката Гоца Тржан  изјави дека не ја интересира тоа што Миљана Кулиќ, забременила со нејзиниот поранешен сопруг  Иван Маринковиќ и дека нејзината ќерка Лена нема да биде во никакво сродство со бебето на Миљана, иако имаат ист татко.

Лена нема да добие полубрат. На крајот на краиштата, тоа ќе биде нејзин избор, дали таа ќе сака да се сретне со него еден ден или не“ – рече Гоца и додаде дека за целата приказна околу бременоста не е заинтересирана.

Каква врска имам јас со Миљана која е бремена од Иван? Јас не сум упатен во целата ситуација, ниту ги следам тие луѓе. Ова е нешто што се случува покрај нас и не е дел од нашиот живот“ -објасни пејачката, истакнувајќи дека не знае ништо но и дека нема ништо против неа.

Да се потсетиме, Миљана забремени со Маринковиќ во реалното шоу “Парови“, а потоа таа го напушти ова риалити и влезе во “Задруга“.

Останати вести од Радио Милева