Пејачката Милица Павловиќ важи за една од најзгодните и најуспешни пејачки во регионот.
Милица на сцената секогаш е згодна, средена и во топ издание, а сега нејзините соседи открија како се однесува зад камери.
„Пред сè, таа е едно фино и воспитано дете, не е како оние умислните ѕвезди и со нос во облаците. Секогаш некаде брза, ваљда тоа е нормално, детето многу работи. Посветена е на семејството, со денови беше тажна кога почина дедо и, тоа многу ја погоди“ вели еден повозрасен сосед и додава: „Сама за себе заработува, им помага и на најблиските, прекрасно дете“.
Пофални зборови за Павловиќ имала и сосетката која често ја гледа.
„На балконот, додека простира облека. И кога ја нема сценската шминка изгледа прекрасно, негувано. Нормална девојка, потполно природна. Со оглед на изгледот и успехот, чудно ми е што не го гледам дечко и, најчесто е сама. Ја гледам некогаш со друштвото, но никогаш не разменува нежност и слично“, вели сосетката.