Водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет важи за една од најзгодните водителки во регионот, но и една меѓу омилените сосетки во нејзиното маало затоа што нејзините соседи имале само пофални зборови за неа.
„Наша Сањичка. Колку е убава, и без шминка е многу убава. Вечера ја сретнав кога го носеше синот од училиште. Беше во некое опуштено издание, немаше ништо посебно на себе, а изгледаше убаво“, вели една сосетка.
„На почетокот се прашувавме да не се развела бидејќи ретко ја гледавме со сопругот, но двајцата работат, посебно тој кој има фиксно работно време, но живеат сите заедно. Прекрасно семејство. Децата и се воспитани, секогаш не поздравуваат, а таа фина. Одамна не сум видел таква природна убавина. Сите во крајот коментираме како има долги нозе, како Лепа Брена да и е роднина“, се надоврзува еден сосед.
Вработените во една продавница каде пазарува Сања велат дека доаѓа по основни работи и многу е љубезна.
„Често ја гледам, штета што е мажена. Убава, природна, висока, не знам дали некогаш би ме погледнала. Сите такви девојки сакаат богати мажи, но јас би рекол дека е скромна, Ја гледам кога има време ќе застане, ќе позборува со соседите“, вели едно момче од продавницата.
фото: инстаграм