Радио Милева искуство

Го прекина молкот: Поранешната на Петар Грашо си ја отвори душата (фото)

Го прекина молкот: Поранешната на Петар Грашо си ја отвори душата (фото)

Данијела Мартиновиќ беше во врска две децении со пејачот Петар Грашо, кој сега е во брак со Хана Хуљиќ, со која ја има ќерката Алба. Данијела не се огласи откако раскина со Граша, но неодамна даде интервју во кое ја коментираше својата одлука покрај пеењето да се испроба и како писателка, а во таа прилика откри и детали за себе кои јавноста не знаел до сега.

– На деветнаесет години се прашував која сум. Сите мислеа дека треба да скокам од радост, тогаш ја започнував мојата пејачка кариера и вкусив популарност. Но, имаше празнина во мојата мала душа. Зошто уште тогаш? Нешто во мене бараше поголемо значење. Меѓутоа, во тие години се плашев некому да го кажам она што го чувствувам, бидејќи веројатно ќе ми кажеа дека сум премлада за вакви прашања – изјавила Даниела и рекла дека денес веќе не е така.

– Сега сум ослободена од самопрезирот, од самоосудувањето, од самоотфрлањето. Знаете, никој не може да не злоупотребува повеќе од нас самите, а јас тоа го сфатив само со искуство – изјавила пејачката.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

 

To top