Аца Лукас и Светлана Цеца Ражнатовиќ од најдобри долгогодишни пријатели, одеднаш се избегнуваат престанувајќи да се следат на социјалните мрежи.
Пејачот и пејачката воопшто не сакаат да зборуваат за ова, па многумина се сомневаат дека повеќе не се ни слушаат, а камо ли дружат. Лукас прашан дали ја следи или ја „испратил“ Цеца на Инстаграм, даде краток одговор.
„До сега сум испратил само неколку пријатели кога одеа во војска. И ова јас не го правам, туку за тоа е задолжена девојката која го работи мојот Инстаграм… Таа следи и не следи, отследува и испраќа” – рече Лукас во „Ами Џи“ шоуто на Огњен Амиџиќ.
Фото: Дамир Дервишаагиќ/ Пинк Принтскрин