Радио Милева потресна исповед

„Го погребав својот син, имаше само три месеци“: Жељко Самарџиќ за првпат проговори за семејната тагедија

„Го погребав својот син, имаше само три месеци“: Жељко Самарџиќ за првпат проговори за семејната тагедија

Жељко Самарџиќ денес има големо семејство, три ќерки, четири внуци и сопруга со која ја дели радоста и тагата повеќе од четири децении. Сепак, почетокот на градењето на тоа семејство започна со голема загуба, прераната смрт на синот, кој имал само три месеци.

Пејачот за „Блиц“ во шокантна исповед зборува за погребот на бебето и открива како тој и Маја досега надминале се’.
-Семејството на татко ми е од Никшиќ, таму го закопавме малиот Златко, тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја, ја споделуваме таа тага и секогаш размислуваме колку голем ќе беше да останеше жив, но тоа е животот. Човек никогаш не знае што може да му се случи во животот. Одиш по улица, те удира автомобил, а не го очекуваше. Беше бебе, имаше три и пол месеци, му го дадов името Златко, по мојот кум кој многу го сакав – рече Жељко на почетокот и додаде:


– Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи се. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам. Сите фамилијарно отидовме од Мостар во Никшиќ да ги извршуваме тие ритуали, открива Самарџиќ.

фото:Инстаграм принтскрин

To top