Пејачката Лепа Брена добила подарок кој не се одбива толку лесно.
Имено, како што пишува курир.рс, најголемата балканска ѕвезда со години е инспирација на бизнисменот од Србија, М.С кој последните 80 години живее во Швајцарија.
Имено, тој ќе гради хотелски комплекс во Црна Гора, а истиот ќе добие име по балканската ѕвезда, Лепа Брена. Изградбата на овој објект ќе започне наскоро.
Според пишувањата на српксите медиуми, комплекосот ќе биде уреден по светски стандарди. Бизнисменот нема да жали пари за да го уреди хотелот, а во ентериерот ќе има застапено фотографии од гардеробата и детали од животот на Лепа Брена.
Тој толку многу ја почитува пејачката, па за оваа зграда ќе вложи 3 милиони евра.
Хотелот ќе има шест ѕвездички, а Брена ќе добие и свој апартман од 100 квадрати. Нејзината соба ќе се вика „Бренин кутак“ и ќе има поглед кон морето.
Во ходникот ќе има фотографии од Брена, додека пак лифтот, спа центарот и холот ќе се пуштаат само нејзини песни.
Според информациите, М.С е вдовец, има пет деца и четири внуци. Неговата сопруга била толку убава што тој ја викал „моја Лепа Брена“.
Од љубов кон својата покојна сопруга, но и почит кон ликот и делото на пејачката, бизнисменот одлучил своите милиони да ги вложи во хотел во кој тој ќе ужива до крајот на животот.
Инаку, Брена веќе неколку дена ужива на Јадранското море во друштво на нејзиниот сопруга Боба Живојиновиќ.
фото: Инстаграм/лепа брена