Радио Милева

Го откри полот на бебето на неговата ќерка: Кили откри дали ќе добие внук или внука

Го откри полот на бебето на неговата ќерка: Кили откри дали ќе добие внук или внука

Помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов и неговата сопруга Гордана, Јоана се омажи со нејзиниот партнер Родригез Сориа Хосе Луис во Еквадор.

Кили моментално се наоѓа во Македонија каде ќе има неколку ангажмани и повторно е вработен во МНТ.

Тој истакна дека не присуствувал на свадбата на неговата ќерка, но дека вистинската прослава ќе се случи кога тој ќе се врати на Еквадор.

фото: фејсбук/кирилпопхристов

„Не, за жал, јас тогаш бев во Австрија. Но, животот е суров. Мислев дека ќе ми биде тешко, пуштив некоја солза. Тогаш бев во Виена кога се вклучија во „live stream“, но вистинската забава ќе се случи кога ќе се вратам“ вели актерот за „Ексклузив“.

Неговата ќерка е во осмиот месец од бременоста, а неодамна актерот на социјалните мрежи објави фотографија од трудничкото стомаче на Јоана.

фото: фејсбук/кирил поп христов

Во интервју за „Ексклузив“, тој го откри и полот на бебето. Кили откри дека ќе добие внук, а и откри што ќе го учи новиот член на семејството.

„Ќе го научам да биде среќен, да се смее и да не очекува ништо од утре, прекутре, следниот месец. Да ја живее сегашноста, само тоа е вистинската работа, ништо друго не вреди“ вели актерот.

фото: принтскрин/1тв

Актерот потенцираше дека очекува неговиот внук да биде генијалец и да продолжи таму каде што тој ќе застане.

Кили откри дека ќерката и зетот се уште не смислиле име за бебето, но најверојатно ќе биде индиско.

To top