Филип Пецовски публиката имаше прилика да го запознае во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што со своето прво појавување на сцената успеа да ја крене публиката на нозе.
Со својот ориганален, интересен и забавен начин, Пецовски правеше вистински хаос во музичкото шоу.
Под менторство на Јелена Карлеуша тој успеа да се пласира во самото финале.
По завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“, Филип издаде две песни кои имаат доста прегледи на „Јутуб“.
Поради пандемијата со коронавирусот повеќето од јавните личности ова лето уживаат во летните температури на домашен терен.
И Филип ужива во Македонија, а како ужива тоа го покажа на социјалните мрежи.
Имено, пејачот се соблече само по машки костим за капење, без маица, па ги покажа своите мускули.
„Македонија е премногу богата со природни убавини, само треба да се пронајдеме и да уживаме во нив“, напиша пејачот.
Дека ужива, ужива, а што ново следува од Филип кога ќе заврши короната, останува да видиме.