Радио Милева
пингвин

Го насмеа целиот свет: Вака се движи Ким Кардашијан (видео)

Го насмеа целиот свет: Вака се движи Ким Кардашијан (видео)

Ким Кардашијан на Модната недела во Милано ја претстави колекцијата „Ciao, Kim“ која ја создаде во соработка со познатиот бренд „Dolce&Gabbana“.

Сепак, вниманието од нејзините модели го одвлече нејзиниот фустан, кој беше многу тесен и многу светкав. Најпознатата Кардашијан блесна во супер заводлив сребрен фустан кој ја следи линијата на телото и е украсен со врвки на страните, но и во пределот на деколтето.

Фустанот беше толку тесен што Ким не само што едвај дише во него, туку и не можеше да оди, а бидејќи движењето е неопходно, особено на вакви настани, познатата русокоса мораше да користи многу мали, внимателно одмерени чекори.

@steph_shepI’ll let you caption this ⬇️♬ Funny Song – Cavendish Music

Ким на својот Инстаграм профил сподели видео на кое налета на пречка која не можеше сама да ја надмине – скалите. Видеото кое привлече посебно внимание бидејќи ја прикажува старлетата како оди како пингвин, брзо стана вирално и главен извор на глупави шеги на сметка на популарната дама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gui Siqueira (@siqueiragui)

– Што нема да направиш за убавина –  и коментираа фановите. Имаше и такви кои ја пофалија и и даваа совети за следниот пат кога ќе се најде во таква ситуација.

– Мислам дека некој требаше да те носи. Вистинска кралица – заклучи едната, а другата додаде:

-Требаше малку да го подигнеш фустанот за полесно да одиш по скалите.:

Фото: Принтскрин/ТикТок

Останати вести од Радио Милева