Македонската пејачка Тамара Тодевска пред две години стана мајка на своето прво дете, односно Хана. Тамара и нејзиниот сопруг, некогашниот кошаркар Александар Димитриевски познат како Мачка се радуваат на својата најмила и го користат секој момент да го поминат со неа.
Пејачката често е активна на социјалните мрежи и често знае да објави фотографии од нејзините активности и како го поминува времето со малата Хана.
Така, понекогаш знае да објави како нејзината ќерка „пее“ или игра на некоја песна или како се забавува по дома.
По одморот од Грција, Тамара се врати дома, но продолжи да ужива во летните авантури со семејството.
Тамара и Хана вчера посетија зоолошка градина, а потоа заедно со Мачка уживаа во спортски игри.
Имено, во кратките приказни на „Инстаграм“, Тамара сподели видео како Мачка и Хана се играат со кош за деца, а малата Хана успешно дава кошови.
Во описот на објавата, пејачката напиша „Дали ова е идната Јелена Антиќ“.


Дали малата Хана го наследи талентот од мама, па во иднина ќе пее или пак од тато, и ќе се занимава со спорт, останува да видиме.
Инаку, Тамара е бремена со своето второ дете, односно Хана ќе добие момче.
фото:притнскрин/инстаграм