Се приближува финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а веќе во програмата се прави „чистка“ и остануваат се помалку кандидати.
Од Македонија имаше доста претставници, но на крајот останаа само уште 2,3 наптреварувачи.
Бидејќи се гледа крајот на сезоната која траеше две години поради пандемијата со коронавирусот натпрварувачите се подготвуваат заедно со своите ментори.
Македонскиот кандидат Мите Стоилков кој е под менторство кај Вики Миљковиќ оваа година се претстави во одлично светло.
Имено, тој често добиваше комплименти за неговото пеење, но и добиваше критики за неговиот изглед, како и тоа дека е многу „стегнет“ на сцената и дека треба да се опушти.
Така, во последните неколку емисии, Мите потполно го промени изгледот и се опушти на сцената, а жирито истакна дека од грдото пајче станал лебед.
Меѓутоа, она што се убави вести за Стоилков е тоа што влезе во финалето на музичкото шоу.
Имено, неговата менторка, Вики Миљковиќ во кусите приказни на Инстаграм објави кои нејзини кандидати одат во финалето, а еден од нив е Мите. Таа ги повика сите да гласаат во финалето.
Kaко Мите ќе се претстави во финалето, дали можеби ќе победи во музичкото шоу, останува да видиме.
Потсетуваме, Мите Стоилков победи во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.