Радио Милева прво појавување после несреќата

Го извади гипсот и го смени имиџот: Кристина Раденковиќ речиси непрепознатлива на сцената по тешката скршеница на раката (фото)

Го извади гипсот и го смени имиџот: Кристина Раденковиќ речиси непрепознатлива на сцената по тешката скршеница на раката (фото)

Кристина Раденковиќ блесна во првата полуфинална вечер на Евровизија ’23, кога беа избрани првите осум финалисти.

Водителката и нејзиниот колега Стефан Поповиќ синоќа беа домаќини на првата полуфинална вечер на Евровизија ’23 од Зелена соба, а ова беше прво појавување на водителката на сцената по несреќата што ја доживеа на одмор на крајот од јануари, што и ги остави двете раце во гипс.

Гипсот го извади пред неколку дена, а во првото полуфинале блесна во елегантна црна светкава предимензионирана јакна и широки панталони, како и со фризура со која малкумина ја препознаа на почетокот, додека не го слушнаа нејзиниот глас.

Кристина Раденковиќ носеше висока пунџа, но и шишки кои и паѓаа на лицето и го  врамуваа, а во вакво издание до сега не сме ја виделе. За еден ваков свечен настан таа и нејзиниот тим се потрудија да изгледаат поинаку, а во тоа и успеа.

Исто така, ќе потсетиме дека Кристина лани покрај тоа што го предводеше изборот за претставник на Србија за Евровизија, беше дел од тимот на Констракта на сцената на Евросонг во Торино, Италија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/К.Раденковиќ/РТС1

To top