Пејачот Слобо Радановиќ официјално стана слободен по завршувањето на реалното шоу „Задруга1“, бидејќи неговата дотогашна законска сопруга Кристина Киа Коцкар, заради неговата отворена љубовна афера со Луна Ѓогани, беше решена да се разведе од него.
Сепак, Радановиќ по се изгледа брзо успеа да најде нова девојка.
Тимот на ТВ емисијата “Папарацо лов” го следеше додека се движеше низ Белград, па го фатија моментот кога се најде со атрактивна девојка која откако влезе во неговиот џип го бакна, иако камерата не можеше правилно да фати дали бакнежот падна в уста.
Откако го напуштија автомобилот, стана јасно дека тоа е пејачката Ријалда Карахасановиќ, со која Слоба по куста прошетка заврши во својот стан.
Она што таму се случувало меѓу нив, го знаат само тие двајца.
Погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?time_continue=205&v=Wm256kgEhEQ