Секој родител посакува да го дочека денот кога своето чедо ќе го омажи или ожени, а тоа време дојде и за фолк-пејачката Сузана Спасовска.
Имено, ќерката на Сузана, Теона Спасовска официјално стави потпис во матично и заплива во брачните води со нејзиниот партнер Виктор Велковски.
Свадбата се случи во еден познат скопски ресторан каде што главна за целата весела атмосфера беше и пејачката Сузана.
Теона на својот „Инстаграм“ објави дел од свадбената веселба, па според приложеното може да видиме дека гостите си поминале лудо и незаборавно.
Сузана за оваа прилика одбра долг светкав фустан.
Теоана на најважниот ден одбра венчаница со длабоко деколте и круна на главата, додека Виктор одбра црн елегантен костум.
Инаку, Теона на својот роденден поточно на 29 декември кажа „да“, а пред една недела пред свадбата таа орагизнираше моминска вечер со пријателките.
За потсетување, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.
Во продлжение погледнете дел од атмосферата.
Редакцијата на вистина им посакува се најубаво во заедничкиот живот.