Во нејзината кариера, легендарната актерка Даница Максимовиќ имала најмногу улоги на жени од маргините. Таа воглавно била ангажирана во улогите алкохоличарка, проститутка, жена со сомнителен морал.
Ниту една популарна ТВ серија не можела да се замисли без неа во некоја од женските улоги. Имала многу значајни улоги на ТВ екранот, а и да не зборувавме за театарските улоги.
Првата улога во филмот ја играла во 1980 година во филмот “Хајдук”. Актерката Даница Максимовиќ инаку е родена во 1953 година.
Со Тања Бошковиќ, Миленко Павлов и Раде Марјановиќ, со години била носител на театарскиот репертоар за “Театарот на Теразије” во Белград.
Денес, иако ддлабоко зачекорила во седмата деценија на својот живот, изгледа подобро од половина од младите што се појавуваат на српската и регионалната јавна сцена и естрада.