Радио Милева

Главна по Саша Поповиќ: Оваа наша пејачка одлучуваше кои Македонци ќе се натпреваруваат на „Ѕвездите на Гранд“

Главна по Саша Поповиќ: Оваа наша пејачка одлучуваше кои Македонци ќе се натпреваруваат на „Ѕвездите на Гранд“

Повеќе од една деценија, музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ важи за едно од најгледаните и најпопуларните музички натпреварувања.

Од пред некоја година, покрај кандидатите од Србија, почнаа да настапуваат и претставници од просторите на бивша Југославија.

Секоја година и Македонија има своите претставници, кои се борат да стигнат подалеку.

Аудициите за „Ѕвездите на Гранд“, за македонските претставници се одржуваат во Скопје, во просториите на Канал 5 телевизија.

Така, аудицијата за „Ѕвездите на Гранд“ 2018/2019 се одржа пред неколку дена во главниот град. По една година пауза, Поповиќ повторно беше во главното жири и тој го имаше последниот збор кој ќе помине на аудицијата.

Тој истакна дека е задоволен и дека Македонија оваа година има многу добри кандидати.

Покрај Поповиќ, во жирито седнаа и македонската пејачка Анета Мицевска која работи под капата на Гранд и  пејачот Ален Хасановиќ.

„Многу ми е драго што сум дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“. Навистина имаме квалитетни пејачи и тешко е да се одлучи кој да оди понатаму“, изјави Анета.

Инаку, оваа година македонски претставници кои успеа да стигнат најдалеку беа Огнен Здравковски и Мартинијан Кириловски кои испаднаа во петиот круг, но следната сезона ќе има друга шанса.

За потсетување, претходната сезона победи охриѓанецот Ристе Ристески, а пред неколку години финалето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ се одржа во Скопје.

фото:принтскрин

To top