Ѓорѓе Давид веќе две години по ред имаме прилика да го гледаме во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ каде што има прилика да ги учи младите и да им дава музики совети.
Добро познато е дека Ѓорѓе нема влакна на јазикот, па секогаш си го кажува своето мислење. Така, во неговото последно интервју тој истакна дека за него Цеца не е „српска мајка“ како што многумина ја нарекуваат.
„За мене Цеца не е „српска мајка“, не, не, никако, па затоа не би сакал да коментирам. За мене српски мајки се: Фахрета Јахиќ (Лепа Брена), Слаѓана Милошевиќ, Силвана Арменулиќ и Неда Кнежевиќ. Видов дека ќерката на Цеца е многу поубава, дури поуабава и од Цеца“ изјави Давид.
На прашањето дали би бил ментор на една од најпопуларните пејачки, Сенида, рокерот вели:
„Би прифатил доколку знае да пее, но се плашам дека не знае“.
За потсетуваа, Ѓорѓе претходната година беше ментор на македонски кандидати во музичкото шоу.