Кон крајот на месец јуни заврши регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што победата ја однесе Џејла Рамовиќ.
Според правилата во новата сезона, членовите на жирито беа и ментори на кандидатите, па натпреварувачите заедно работеа со менторите.
Како и секоја година, така и оваа имаше македонски претставници а меѓу нив и Огнен Здравскски, Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски, Елена Миленковска, Дарко Коцевски Даринос….
Ѓорѓе Давид која ова година беше првпат во музичкото шоу како дел од екипата работеше со неколку македонски кандидати.
Во интервју за „svet – australia“ тој откри какво е чувството да се работи со Македонци.
„Да се работи со Македонците е благодет, една посебна врска на благородности затоа што тоа се луѓе кои имаат слух. Тоа се луѓе кои се добро наслушани традиционална музика во која има елементи на џез, рок, поп, блуз….Мислам дека Влатко Стефановски токму на таков начин со децении твори и раскажува преку својата гитара, така да би сакал оваа година да имам уште поголем број на млади таленти од Македонија затоа што е лековита состојба да се работи со такви талентирани луѓе“ вели Давид за „svet-australia“.
Ѓорѓе проговори и за Дарко Даринос, како и за Гоце Бошковски кој не стигна во полуфиналето, па Давид истакна дека била направена голема неправда.
„Мислам дека најдов нов крал на ромската музика, а тоа е Даринос од Скопје.Јас можам да работам и со луѓе кои пеат народна музика, а кога е рок ен рол музика го имаме Гоце Бошковски кој првпат го пееше „Time“ во Ѕвездите на Гранд, што пред една година никој не сонуваше дека некој ќе го пее тоа“ вели пејачот и додава:
„Мислам дека Гоце апсолутно заслужи да влезе во полуфиналето и да потпише договор со Гранд, ама јас не би бил бил јас ако не го доведам него пред Поповиќ и не го натерам да потпише договор. Јас тоа го ветив пред себе и на него“ вели Ѓорѓе Давид.
Тој исто така потенцираше дека го посоветувал Гоце да се пријави и следната сезона, а поддршка ќе добие и од Ѓорѓе, но и од Вики Миљковиќ.
За потсетување, следната сезона започнува во септември, а Поповиќ најави дека оваа година ќе има околу 50 нови кандидати од Македонија.