Радио Милева

Ѓорѓе Давид: Страшно е да бидеш болен од болест која однесува жртви, се плашам да не има фатални последици“

Ѓорѓе Давид: Страшно е да бидеш болен од болест која однесува жртви, се плашам да не има фатални последици“

Пејачот Ѓорѓе Давид веќе две недели се бори против коронависурот, а се лекува на оделението за пулмологија на Клиничкиот центар во Србија.

Тој вели дека засега се е како што треба, но се плаши да не има фатални последици.

„Страшно е да бидеш болен од болест која однесува жртви. Претходната недела покрај мене умре човек кој беше примен истиот ден кога и јас. Во таква ситуација не е паметно да зборувам за прогноза на болест против која се борат светските лекари, а која однесува животи“ вели Давид.

„Ми останува вербата дека ќе излезам како победник. Ќе зборуваме низ што поминав и како изгледаше моето лекување кога ќе ми кажат дека висурот веќе не е присутен“ вели рокерот за Српски телеграф.

To top