Радио Милева тука има сè и сешто

Ѓорѓе Давид откри што проживува поради „Ѕвездите на Гранд“: „Има пофалби, но и закани дека ќе ме убијат“

Ѓорѓе Давид откри што проживува поради „Ѕвездите на Гранд“: „Има пофалби, но и закани дека ќе ме убијат“

Пејачот Ѓорѓе Давид не престанува да ја интригира откако стана дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Тој тврди дека ова музичко шоу му донело многу добри работи, но и вели дека е загрижен поради одредени закани кои ги добива на негова сметка.

фото: принтскрин

„Нема проблем да им бидам интересен на луѓето. Некои ме плукаат, некои ме фалат, но во секој случај ги интригираш луѓето и тоа е добро за работата. Мислам дека добив многу добри работи од „Ѕвездите на Гранд“.  Од друга страна, глупо е да очекувате сите да те сакаат.  Јас лудо се забавувам, но тука има сè и сешто. Добивам закани дека ќе ме убијат, дека сум го издал рокенролот, дека сум сељак, има сешто, но тоа ми е симпатично. Исто така забележувам дека и кандидати кои ги сретнувам во натпреварувњето го ценат тоа што го работам и ми веруваат“, вели Ѓорѓе.

Инаку, Ѓорѓе Давид веќе неколку сезони е во „Ѕвездите на Гранд“  и беше ментор на неколку македонски кандидати.

To top