По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ во „Ѕвездите на Гранд“ во еден момент во центарот на вниманието се најде и пејачот Ѓорѓе Давид кој во една емисија на нашата Сања Тодоровиќ и порача дека е недозволиво да изгледа како што изгледа.
Во еден момент јавноста го осуди поради ваквите коментари, а тој сега откри зошто се добри таквите критики и зошто оној кој не е доволно психички силен не треба да се пријави.
„Како им се обраќаме е мед и млеко, во однос на тоа како утре ќе им се обраќаат менаџерите доколку станат професионалци. Какви забелешки и критики ќе добијат од публиката или од луѓето што ќе бидат во првите редови. Сè што правиме е со најдобри намери. Луѓето велат дека сме суетни. Јас сум нивен обожавател, но има нешто што е неприфатливо и не е пристојно да се појавува така на сцената. Тогаш ми замерија што сум мизоген, но кога влегуваш во ваков циркус, тогаш се согласуваш на сето тоа. Помеѓу тоа да се допаднам на публиката и девојките кои јадат хамбургери и на 19 години имаат по 80, 90 килограми во однос на својата задача која ми е дадена од продукцијата, секако ќе го изберам второто затоа што сум чист пред Бога и кандидатите“, вели пејачот.
На прашањето дали кандидатките кои имаат вишок на килограми не може да бидат ѕвезди тој вели:
„ Важно е кандидатите да знаат која е предноста, кои се нивните граници и дека не е секогаш најдобрата опција да се биде во зоната на удобност, туку да се извлече од неа.Кај мене и оние кои никогаш не одеа во теретана започнаа да вежбаат. Тие исто така почнаа да се грижат кога јадат и што јадат. За мене, важно е дека сите тие девојки, ако Бог им ја даде таа физичка атрактивност, мора да го истакнат тоа. Зборувам за сите параметри што мора да постојат на сцената, без оглед на полот. Пеење, поп, глума, сè што има врска со сцената е сурова работа“, вели Ѓорѓе Давид.
Потсетуваме, Вања Кнежевиќ беше исфрлена од музичкото шоу откако на својот Инстаграм реобјави постови од луѓе кои ја навредуваат Јелена Карлеуша.