Александра Стојковиќ Џиџа е во „војна“ со пејачот Ѓорѓе Давид откако слушнала дека тој ја навредувал на снимањето на емисија на „Гранд“, пишува курир.рс
Наводно, додека ќерката на Драган Стојковиќ Босанац била на снимање на „Гранд специјал“, Ѓорѓе Давид дошол до трибината каде седи публиката и почнал да ја навредува пејачката.
-Праша кои луѓе се во емисијата, па наводно не слушнал за Дарко Лазиќ и Барбара Бобак, па му објаснуваа кои се. Потоа, праша која е „оваа“ мислејќи на Џиџа. Кога го слушна нејзиното име започна со навреди. Тој кажа: „А тоа е Џиџа, селанка и наркоманка, ќе видиме за кој вели дека е кал, вели изворот и додава дека рокерот објаснил зошто е лут на Стојковиќ.
-Колку разбрав, Ѓорѓе ја видел изјавата на Џиџа во еден босански магазин во која истакна дека не сака да ги коментира членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, освен нејзиниот татко бидејќи не сака да се расправа со кал, вели изворот.
По овој повод се огласи и Стојковиќ која истакна дека и таа слушнала од екипата дека Ѓорѓе Давид зборувал лошо за неа и вели дека никогаш жирито не го нарекла „кал“.
-Посветена сум на својата нова песна „Есктаза“, добивам поддршка од сите страни бидејќи сум цар, а тој како господин воопшто ми е неважен во животот, порача пејачката.
По овој повод се огласи и рокерот, кој кратко прокоментирал: „Глупост“.
фото: принтскрин/инастаграм