Познатиот танцувач Ѓоле Ѓогани ја избрка поранешната сопруга Слаѓа Делибашиќ од домот каде што таа живеепе речиси една година.
Нивната ќерка Силвија живеела во куќата со Слаѓа, но и со ќерката Тија за која Слаѓа се грижеше секојдневно.
По 19 години од нивниот развод, нивниот однос беше поладен, а на крајот резултираше со иселување од куќата во која живејаа.
Како што пишуваат српските медиуми, Ѓоле предизвикал кавга преку која Слаѓа не можела да помине бидејќи како што вели има образ.
Пејачката ги потврди пишувањата дека нејзиниот поранешен сопруг ја избркал од куќата, но дека останала во коректни односи.
„Заминав од дома, имавме некакво недоразбирање. Се скаравме без врска. Си ги собрав работите и си заминав. Не сакам некој така да ми се обратува, имам гордост. Успеав во тоа да му докажам кога си заминав од него. Јас таму останав поради Силвија и мене таа куќа ништо не ми значи. Одам кај ќерката и внуката. Не сум лута на Ѓоле. Кога ќе го сретнам се поздравувам, но повеќе не сме блиски како порано. Таа куќа ја купививме во бракот. Тој го зема другиот дел, го реновираше и ми кажа: „Еве бидете овде, блиску сте до градинка, да не бидете разделени“.Тоа не траеше долго. Едноставно не можат да се разберат некои работи. Тоа е негов проблем не мој. Што се однесува до мене, не сум лута, си го живеам својот живот. Тука се гледа големината на човекот.Ние се тоа го создадовме во бракот и лесно е да продолжи да се работи“ изјави Слаѓа.