Еден од најмоќните македонски машки поп вокали, охриѓанецот Ѓоко Танески има нова песна. Тој е од оние кои не се познати по својата хиперпродукција, но затоа е познат по вонсерискиот глас, одличните песни и фантастачните журки и атмосфера што ги прави на неговите настапи.
Овој пат Ѓоко ја промовира неговата нова тема, која всушност е моќна балада, насловена „Тој што во срце те носи“. Музиката и аранжманот се на Дамјан Лазаров, некогашниот член на тинејџерската атракција од крајот на 90-ите, групата „Магија“. Емотивните стиховите за песната пак, ги напишала Ана Пандевска, а целата приказна е визуелно стокмена во видеозаписот снимен на повеќе локации крај брегот на Охридското езеро, градот Охрид, неговата околина, како и на еден сплав на изворите на Свети Наум.
Зад видеото стои продукцијата „Крстевски ентертејмент“, а во спотот покрај пејачот главните улоги ги имаат и двата млади модели: Анета Спиревска и Синиша Стојаноски.
Таневски уште еднаш покажува како на најдобар начин своите емоции умее да ги изрази преку моќната, но чувствствителна вокална експресија, која му е најсилниот адут во изведбата на неговите песни.
Како сето тоа звучи отпеано од него, а пресликано во видеоприказната во која е интегриран дел од убавините на Охрид и Охридското езеро, проследете во продолжение: