Промотер

Ѓоко Танески прави пресврт во кариерата со – „Една љубов имам“ (ВИДЕО)

Ѓоко Танески прави пресврт во кариерата со – „Една љубов имам“ (ВИДЕО)

Македонскиот поп-рок пејач Ѓоко Танески реши да направи пресврт во кариерата по теркот на Каролина Гочева и нејзиното „Македонско девојче“. Имено, тој ја промоивираше новата песна насловена „Една љубов имам“ со која познатиот охриѓанец прави пресврт во начинот на музицирањето и својата изведба, па од поп-рок водите запливува во еден сосема поинако стил, подруг жанр кој може да се нарече етно-поп со фолк примеси, а на моменти и џез елементи.

„Една љубов имам“ е всушност првата песна од внајавениот ваков проект кој треба да биде заокружен со албум во овој стил во текот на наредната 2020 година.

Пилот песната е на истот композитор кој работеше и со Каролина, талентираниот битолчанец Николче Мицевски, кој го направил и аранжманот, додека стиховите ги напишал самиот Танески.

Зад видеото пак стои сограѓанинот на Ѓоко, проверениот режисер на видеоспотови Даниел Јовески од Охрид каде и е сниман спотот на неколку различни локации.

Преслушајте ја „Една љубов имам“ и проследете го видеото во кои покрај пејачот главните улоги ги толкуваат моделите Марис Жолен  и Мартин Нацевски, песна со која стартува новото поглавје во музичката кариера на Ѓоко Танески.

To top