Промотер

Ѓоко Јовиќ помеѓу Василица и Водици се појави – „За Велигден“ (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ помеѓу Василица и Водици се појави – „За Велигден“ (ВИДЕО)
Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ деновиве, поточно помеѓу Василица и Водици  ја објави својата нова песна насловена „За Велигден“.
Иако во неа се споменува големиот христијански празник и несомноно дека истата токму тогаш ќе биде во фокусот и ја достигне кулминацијата на својата популарност, сепак македонскиот фолкер не ја правел наменски, зашто пред се’ се работи за печалбарска песна која во себе ја крие патината на македонскиот печалбар и неговиот живот во туѓина.
Интересно е тоа што Ѓоко Јовиќ често настапува за нашите иселеници во дијаспората, особено во прекуокеанските земји како Австралија, САД и Канада, па веројатно од таму и инспирацијата за песната.

Втор куриозитет е тоа што видеото реализирано токму од македонско-австралиската ИН продукција, се појавуванеговото семејство, односнно неговата сопруга и трите дечиња, а главната ролја во спотот ја има нивната бабичка.

„Имав свои очекувања за песнава, но да бидам искрен, критиките и пофалбите бнив ги надминаа, како прегледите на Јутјуб каналот на Интернет. Коментарите кои како фидбек ги добивам се многу позитивни и многу ми значат, бидејќи се искрени и од топол народ, како од овде така и од дијаспората. Се надевам дека песната ќе продолжи и допрва че го наоѓа патот до публиката“ – ќе изјави неодамна Јовиќ за македонските портали.

Инаку, самиот тој ја компонирал музиката, додека автор на стиховите е Александар Стевановски, а аранжманот го потпишува Дамир Имери. Песната е снимена и миксана во студиото „Анастасија“ од страна на Љупчо Павловски, кој го правел и мастерингот на истата, а сите вокали ги пее самиот изведувач.

Како звучи и изгледа „За Велигден“ во јануари на Ѓоко Јовиќ, проследете во продолжение:

To top