Покај самостојните песни, македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ активно ја продолжува и соработката со „Енерџи бенд“, со кои се обидува да го освои балканскиот пазар.
Така, откако ја објавија „Ми имали смо све“, екипата деновиве ја претставија и новата заедничка песна насловена „Тешко је у души“.
Станува збор за авторско дело на добро познатите српски автори Саша Николиќ ( музика и аранжман) и Стеван Симеуновиќ (текст), додека за екранизацијата на песната се погрижила екипата на продукцијата „М16“.