Радио Милева

Ги збуни фановите: Татјана Лазаревска е нов член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“?

Ги збуни фановите: Татјана Лазаревска е нов член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“?

Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, имаме прилика да гледаме секакви кандидати, некои од нив знаат да се покажат, а некои се враќаат веднаш по првиот настап.

Неколку сезони натпреварувачите ги оценуваше жирито кои го составуваа Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац, Вики Миљковиќ и Аца Лукас.

Годинава се води дебата дали Лукас ќе биде дел од составот кој ќе го дава својот глас  и своето мислење.

Македонската пејачка Татјана Лазаревска деновиве ја промовира својата нова песна „Моќна кралица“, па по тој повод беше гостинка во Канал 5 телевизија.

Таа ја искористи приликата да си направи фотографија покрај плакатот на „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“, кои исто така се емитуваат гореспоменатата македонска национална телевизија.

@zvezdegranda @nikad_nije_kasno_official Music is my life?????

A post shared by Tatjana Lazarevska (@tatjanalazarevska_) on

Иако некој можеби на прв поглед помисли дека и таа ќе биде дел од жирито, сепак не е така. Пејачката објасни дека станува збор за обична фотографија.

Меѓутоа, со оглед на тоа што во жирито има таинствен член, можеби во новата сезона ќе поканат и некој македонски пејач.

фото: Фејсбук

За потсетување, пред неколку дена Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски и Стефан Величковски кои се натпреваруваа во претходната сезона добија повик повторно да се појават на сцената на Гранд во септември.

To top