Снимањето на филмот „Г-н и Г-ѓа Смит“, беше моментот кога актерот Бред Пит и Анџелина Џоли се зближија, а тој ја изневери сопругата Џенифер Анистон по што следеше и развод. Неколку години подоцна се разведоа и со Џоли, а се шпекулира дека Бред и Џен повторно ќе се венчаат.
Поранешниот телохранител на Анџелина, Марк Бехар, неодамна открил каква била хемијата помеѓу овие двајца популарни актери додека го снимале филмот „Господин и Госпоѓа Смит“, во 2005-та година.
Бред во тоа време сè уште бил во брак со холивудската миленичка Џенифер Анистон (51), но очигледно не можел да побегне од магијата и страста на Анџелина.
Телохранителот рекол дека повеќепати влегол во нивната приколка на сет, додека нивниот ‘оган’ се распламенува и дека ги затекнал како се галат и се додворуваат еден на друг.
Други сведоци од сетот откриле дека Анџелина имала посебна тактика за да го заведе Бред.
Таа едноставно ‘заборавила’ да ги облече своите гаќички за време на снимањето на љубовната сцена, а на крајот целосно се соблекла и ‘влегла’ во неговиот кревет, на што Бред Пит веднаш наседнал. Останатото е историја…
Во тоа време, Анџелина била обожувана од фановите бидејќи била ‘паметна’ жена, но во исто време станала и омразена, бидејќи уништила еден брак и ја нарекувале ‘крадец на мажи’.
За жал, оваа љубов не траеше вечно, бидејќи тие се разведоа во 2016-та година. После 12 години брак и 6 деца, нивната љубов згаснала.