Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваа неколку македонски кандидати, но најголем впечаток остави Дамјан Димевски од Скопје.
Дамјан се претстави со песните „Јано мори“ и „Никој како тебе не бакнува“. Дамјан настапуваше во дуел со Ања Михајловиќ.
За време на првата интерпретација, Дамјан на сцената на „Гранд“ се појави во традиционална носија, а веднаш од почетокот на пеењето доби глас од Драган Стојковиќ Босанац и Снежана Ѓуришиќ.
По завршувањето на неговиот настап, Дамјан доби вкупно шест гласа и помина директно во следниот круг на музичкото шоу.
За време на втората изведба на песната „Никој како тебе не бакнува“, Македонецот ја покани неговата противкандидатка Ања, па заедно заиграа на сцената.
Жирито имаше пофални зборови за нашиот младиот скопјанец.
-Прекрасен настап кога станува збор за првата песна. Те молам продолжи со македонскиот мелос бидејќи ти си потполен бисер во тоа и секоја ти чест, изјави Ѓорѓе Давид.
Марија Шерифовиќ истакна дека македонскиот кандидат бил многу подобар од Ања.
-Сите пофалби за кандидатот 1 за првата песна. Тоа е нешто божанствено, тоа не го може секој, изјави Снежана Ѓуришиќ.
Целиот настап на македонскиот кандидат погледнете го видеото подолу на 2:53:48.
фото: принтскрин јутуб/звезде гранда/инстаграм/damjan.dimevski