Аца Лукас го откажал вчеравечер настапот во Охрид, а известувањето за откажувањето го постирале на официјалната Фејсбук страница на пејачот.
„Настапот во Охрид е откажан поради влошената здравствена состојба на Аце Лукас. Во оваа прилика, им се извинуваме на сите обожаватели, посетители, пријатели кои планираа вечерва да дојдат на настапот и ги молиме за разбирање. За следниот термин за настапот ќе бидете навреме информирани“ – се вели во соопштението.
Фото: А. Налбантјан