Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот дечко фудбалер Немања Гудељ изминатиов месец минуваа низ тешка фаза.
Анастасија неодамна го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, што беше голема трагедија за целото семејство. Тажната вест на јавноста ѝ ја соопшти нејзиниот партнер Немања Гудељ, кој ги замоли медиумите за мир и почит.
Анастасија се повлече од социјалните мрежи и ги деактивира сите профили. А сега, по 27 дена, повторно се врати на Инстаграм.
Првата објава му ја посвети на својот партнер и му честита на професионалниот успех.
„Честито, љубов моја! Денес се случи еден од многуте убави мигови на нашиот заеднички живот. И за уште многуте што следуваат. Ако го заслужува некој ова, тоа сме ние. Те сакам, бубо“, напиша Анастасија.
View this post on Instagram
Инаку, повод за славење беше тоа што Гудељ го продолжи договорот во Севиља на три години.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Србија денес