Ништо лично

„Генијалноста на глупоста“ на социјалните мрежи: Ахиловата петица на Катица, брусилка, златен спреј и мо*ка на плочка!

„Генијалноста на глупоста“ на социјалните мрежи: Ахиловата петица на Катица, брусилка, златен спреј и мо*ка на плочка!

Твитерџиите, Инстаграмџиите и останатите „генијалци“ што киснат на социјалните мрежи споделуваат нови довитливи и духовити содржини, произлезени од суровата македонска реалност.

Преспанскиот договор предвидува многу работи кои очигледно се надвор од умот, па и покрај неговото потпишување против референдумската волја на народот, за жал некои од нив почнаа да се спроведуваат.

Македонија е северна, Македонецот е сега коса црта по националност, а сонцето од Кутлеш мора да се брише од сите јавни површини. Најлесно им беше да почнат од таму каде што се – од дното, па почнаа со брусалки да ги брусат краците на сонцето од Кутлеш вдлабнато по канализациските шахти на градските улици!

Ама како на народот не можеш да му ги избришеш историјата и генетскиот код, едни брусат други позлатуваат. Па кој со брусилка, кој со златен спреј!

На спомениците, меѓу кои и на „Воинот на коњ“, „Филип II“ и „Олимпија“ на скопските плоштади, им залепија плочки. Биле  наследство на Хеленската историја и цивилизација.

Плочките не потрајаа ниту една ноќ. Толку им држи лепакот! До душа да беа посаглам направени, можеби некој ќе се сетеше и на брусилката… Вака му текнало само да уринира. Мо*ка на плочка и… лепакот сам попушта!

Катица колку и да се крие, сепак има нешто на што не може да му одолее. Секој има слаба страна, па и Катето. Еве ја, антички кажано,  нејзината „ахилова петица“… А нејзиното задоволство е евидентно!

Летно време обично се враќаат нашите иселеници во родниот крај. За жал, се’ помлади и помлади генерации… Некој се досетил да покаже како изгледа во еден клас, македонска прослава на 20 години од матура.

 

 

To top