По австралиската турнеја една од нашите најпопуларни фолк пејачки Сузана Гавазова, комбинира во поглед на работата и одморот.
Па така, периодов најчесто во нејзината агенда е Дојран каде што има куќа, ангажмани со настапи, море, па повторно истото. Се на се’ пејачката успешно жонглира и балансира со обврските со семејството и работата.
View this post on Instagram
Периодов е најактивен за музичарите на фолк сцената, бидејќи свадбениот период е во полк ек, а свадбени проислави освен за викенд почнаа да се прават и во текот на работната недела.
Музичарите со полни паричници, но и со минус енергија на ова толо време покрај многуте ангажмани. Гавазова е меѓу најбараните, а изминатиот викенд пееја заедно со колегата Благоја Грујовски на една гостиварска свадба каде пак тој е меѓу најбараните за веселба.
Овој пат беа музички тандем, Сузе и Благоја направија забава за мерак и за сите пари.
А кога владее позитивната енергија, тогаш се’ оди како подмачкано. Гавазова сакаше да му даде на значење на својот колега Благоја и сакаше тоа да го знае целата јавност колку таа го цени и почитува, а притоа сакаше да му даде и комплимет.
-Со нашиот омилен и најдружељубив колега Благоја Грујовски во Гостивар, напиша Сузе во описот на една од „стори“ објавите.
Ред песна, ред бакшиш, а секако и комплетна сатисфакција, особено кога ќе се бреброи бакшишот или кога ќе се види што колешка ти напишала за тебе на Инстаграм.