Радио Милева освојувачка

Гавазова тргна во музички поход на регионот: „Хало“… Белграде пиши, тие таму се бивши!

Гавазова тргна во музички поход на регионот: „Хало“… Белграде пиши, тие таму се бивши!

Откако го покори домашниот музички пазар, па направи се што можеше да се направи дома, Сузана Гавазова тргна во освојување на соседството. Она, северното, каде што конкуренцијата во новокомпонираниот фолк е најжестока и каде што конкурентките не бираат средства за упех и се подготвена ама буквално на се’ за слава!

За тамошната битка со титаните, Гавазова се подготви како спортист за на олимпијада! За соработници одбра дел од најдобрата екипа која им ги прави хитовите на половина српски фолкерки. тактиката одлично промислена, зашто најдобро е ако ги нападнеш со нивното оружје, со кое нема промашување, кога се хитовите во прашање.

Атрактивната струмичанка, визуелно и не мораше да прави кој знае какви промени, освен малку да го прилагоди она што и го дала мајката природа и ситните естетски корекции со потребите на тамошната естрада. А Гавазова има потенцијал… и вокален и телесен! И тоа раскошен!

Затоа и реши да го искористи уште на прво појавување меѓу комшиските „фолк ѕверки“. Впрочем, првата шанса мора да се искористи, зашто знаете како се вели: „Нема втора можност, за прв впечаток“!

А, Гавазова со нејзиното деби со песната „Хало“ на Браја и видеото на Харис Дубица остава впечаток како да е родена на српската естрада.  Белград сега може само да стравува, со се’ целата  своја „Пинк“ и „Гранд“ тарапаана, зашто од југот доаѓа Сузана! Впрочем и текстот на Браја во нејзината песна „Хало“ носи слична, можеби и скриена порака до оние кои Гавазова претендира да ги симне од врвот… За по неа да бидат, засекогаш бивши!

Нормално, до таа фаза има уште баеги работа… А, Гавазова иако го прави првиот чекор, очигледно е решена да оди до крај. До самиот врв… Со ваков вокален потенцијал и сета своја телесна раскош… регионалниот успех не и гине.

Затоа, „Хало“, Белграде, слушај, а и погледни добро…  Во меѓувреме, Гавазаова ги очекува Вашите коментари! И вашите овде и на оние таму… Само претходно, внимателно слушнете ја песната и  погледнете го видеото.

To top