Да се биде свој е потешко, отколку да се биде како и останатите, но сепак секој носи своја енергија и индивидуалност, а кога се трендовите во прашање, особено припадничките на понежниот пол полесно влегуваат во зоната на моден и стилски конформизам.
Веќе извесен период е актуелна кусата рамно пострижена коса до ушите, особено во светот на шоу-бизнисот, како светскиот, така и во регионот.
Меѓу оние кои без двоумење си се допаднаа со ваква фризура, а дел од нив дури и направија драстична промена се од водителки, до пејачки, макененки…
Кај нас меѓу познатите Македонки кои се одлучија за овој тренд на фризура се: Миа Костова, Теа Трајковска, Тамара Тодевска, Марија Ивановска, Татјана Лазаревска, а сега во јатото русокоси со оваа фризура им се приклучи и фолекрката Сузана Гавазова.
Нема да коментираме и тврдиме која од нив била прва, како што во една прилика Теа ја обвини Марија од „Ај Кју“, но знаеме дека последна е токму Гавазова која на социјалните мрежи се пофали со новиот актуелен и многупати виден имиџ.