Пејачката Рита Ора (28) честопати изненадува со провокативен стајлинг, а нејзиниот најнов аутфит што го носеше, ги изненади сите бидејќи јасно ги откриваше гаќичките.
Рита беше во одлично расположение кога излезе од забава организирана од престижната лондонска модна куќа „Картие“, на која дојде со нејзината мајка Вера, а на крајот излезе така што откри премногу.
Во црвен фустан полн со пресеци и во горниот и во долниот дел, што го први прилично незгоден при движење, секси Рита покажа одлична линија, но и повеќе од тоа – на радост на мажите.
Носеше едноставна црвена чанта во раката и сè надополнуваше со лакираните црвени чизми до колената. Имаше и црвен кармин, но … гаќички во контрастна беж нијанса!
Имаше и чуден украс на главата, а додека излегуваше ја држеше главата надолу, но не отстранувајќи ја насмевката од лицето.