Бијонсе воодушеви со сценскиот изглед на концертот во Лондон облечена во фустан со потпис на српска дизајнерка.
Нејзиниот изглед ги остави сите без здив, а кога ја видите ќе ви стане јасно зошто е спектакуларна…
Една од најголемите светски музички ѕвезди, Бијонсе, одржа концерт во Лондон, отворајќи ја својата најнова турнеја наречена „Renaissance“. Оваа турнеја, која е и промоција на нејзиниот седми студиски албум, е долгоочекуван настан за љубителите на музиката ширум светот. Бијонсе веќе ги освои срцата на многумина од нашите простори кога синоќа се појави во Лондон на настап во фустан дизајниран од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ.
Роксанда ја сподели фотографијата на својот Инстаграм профил со голема благодарност до пејачката како и до својот тим.
Бијонсе изгледаше неверојатно во кралско син фустан со необичен крој, долг шлеп и соодветни ракавици. Нејзиниот изглед беше комплетиран со масивен накит, а косата благо свиткана и пуштена.
Да се потсетиме, Бијонсе беше критикувана за наводно исмејување на Тина Тарнер, но пејачката одговори на тие обвинувања на нејзиниот настап во Париз. Од сцената кажа колку и е благодарна на Тина, посочувајќи дека немала да биде таму каде што е да не беше кралицата на рокенролот.
фото:Инстаграм принтскрин