Бендот „Funk Shui“ вчера, 23 октомври 2020 год. празнично ја промовираше песната „Ветер“. Членовите на бендот се автори на музиката и текстот, а продукцијата и миксот се на Бен Милчев. Спотот е сниман летово на неколку локации низ земјава, а зад камерата и дрон камерата биле Борис Ралев и Тео Ангеловски.
„Црпејќи мотивација од сопствената средина, протагонистот во песната се соочува со своите способности за решавање на проблемите околу него. Веселоста и текот на песната сe прекинати од страна нa ненадејните напливи на емоција од заразниот рефрен. Преку неколку метафори Лука пробува да долови дека е свесен за сопствените способности, преку персонифицирање со ветрот и неговиот потенцијал да ja исчисти околината. Мелодичната гитара што ја придружува целата песна ја игра улогата на смирување на бурата и ја овозможува завршницата што песна како оваа ја заслужува”, велат момците од „Funk Shui“ за песната.