Во регионалните медиуми се појавија вести дека наводно Душко Тошиќ ја изнверувал Јелена Карлеуша со сопругата на неговиот колега од српската репрезентација, Зоран Тошиќ.
„Потполно полуде по неа. Во една прилика и испрати порака: „Добро презиме си одбрала, ама лошо име“, алудирајќи на фактот дека и тој и Зоран имаат исто презиме – Тошиќ. Јована го блокирала бидејќи не сакаше да има ништо“ – изјавил близок извор на еден од српските портали.
По овие написи се огласи и фудбалерот Зоран Тошиќ кој ги демантираше пишувањата дека неговиот колега и презимењак Душко имал нешто со неговата сопруга Јована.
„Со Душко сум во одлични односи и глупост е дека сакав да се тепам со него. Што се однесува на тоа дека ја „мувал“ мојата сопруга, немам коментар на таа приказна, ниту пак и придавам значење“ – ќе изјави Тошиќ и ќе додаде:
„Ако моите колеги и се додворуваат на Јована бидете сигурни дека ќе дознаам за тоа и затоа не се сум загрижен. Секој прави како што мисли дека треба да прави. Мислам дека Душко е добро момче и му посакувам се најдобро“ – изјавил Зоран.
Фудбалерот во една прилика истакна дека води поразличен живот, не сака да биде дел од естрадата и дека не го интеренсираат скандали.